Бахреин со нов селектор

Репрезентацијата на Бахреин ќе добие нов селектор.

На изненадување на сите, богатата азијска држава го одбра тренерот на Пуенте Генил, екипа која се наоѓа на 12-то место во шпанската АСОБАЛ лига, за свој кормилар во периодот пред олимпискиот квалификациски турнир и Азискиот шампионат 2016.

Поранешниот ракометар на Барселона, Фернандо Барбеито е новиот предводник на стручниот штаб на Бахреин, земја која го освои третото место на азиjскиот олимписки квалификациски турнир.

Како што засега стојат работите, Барбеито ќе мора да се избори за едно од првите две места на главниот олимпискиот квалификациски турнир каде ќе настапат уште три европски земји. Засега Бахреин е во група со Хрватска, Данска и европскиот вицепрвак, а конечниот изглед на сите турнири ќе биде појасен откако ќе заврши Европското првенство во Полска 2016.