Бахреин и ОАЕ се предомислија: Тешка одлука за ИХФ на состанокот во Базел

Поради гео-политички причини, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во знак на протест заедно со повлекувањето на своите амбасадори од Катар, ги повлекоа и кандидатурите за насатап на Светското ракометно првенство кое во јануари ќе се одржи во Доха. Политичката ситуација се стабилизираше и се промени, откако двете земји веќе побараа повторно да ги вратат своите политички претставници во Катар тие истото го побараа и од ИХФ за настап на Светското Првенство.

ИХФ има рок до петок да одлучи дали и со кого ќе ги замени овие две земји. Проблемот со враќање на Азиските претставници е прилично сериозен имајќи го предвид фактот што куќата на ракометот веќе ги контактирала земјите кои треба да ги наследат Бахреин и ОАЕ, а тука неофицијално се споменува неправедно избришаната Австралија и Исланд кои доколку не добијат место на мундијалот ќе покренат случај пред Судот за спортска арбитража.

Сите дилеми ќе ги разреши претседателот на ИХФ Хасан Мустафа на редовната седница во петок во Базел, 55 дена пред почетокот на првенството.