Барјактаровиќ го напушта Ростов Дон: Можна дестинација Будуќност

Голманката на црногорската репрезентација, Соња Барјактаровиќ следната сезона нема да биде дел од амбициозниот Ростов Дон. Рускиот првак подготвува тим за високи дострели следната сезона, но репрезентативката на Црна Гора реши да го напушти клубот каде помина три сезони. Со заминувањето на Марина Рајчиќ од Будуќност, се отвора простор за можна преселба на Барјактаровиќ во клубот од Подгорица. Најголемиот дел од кариерата, Барјактаровиќ го помина во Будуќност каде оствари забележителни резултати.
Од следната сезона Ростов-Дон на голот ќе го има најквалитетниот голман во светот Катрин Лунде, додека Будуќност на голманската позиција ја има репрезентативката на Германија, Клара Волтеринг и Марта Ждериќ од Хрватска.

Фото:zimbio.com