Барселона сè уште владее со Шпанија

Најдобриот македонски ракометар и капитен на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров со победа се враќа од Барселона. На последниот меч од 30 коло во АСОБАЛ лигата, Лазаров и Барселона не дозволија да се случи никакво изненадување на гостувањето кај Грањолерс.

Во каталонското дерби сосема очекувано уште од самиот старт, Барселона го имаше во свои раце мечот и иако на кратко Грањолерс се доближи до само два негатива (21:23), сепак тимот на Пасквал не дозволи да се случи никакво изненадување.

Натпреварот заврши со резултат 29:31, и со тоа Барселона по трет пат ја освои шампионската титула со максимални 30 бодови од исто толку натпревари. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и за крај на оваа сезона одигра уште еден одличен меч на кој постигна 5 погодоци од 6 обиди. Покрај него во победничкиот тим најдобар беше и голманот Гонзало со 14 одбрани. Кај домаќините Марк Кањелас со 5 погодоци беше најефикасен.

Веќе во понеделник Лазаров ќе му биде на располагање на новиот селектор Лино Червар за квалификациските дуели со Чешка.