Барселона си најде нов херој, се вика Лука Циндриќ (ФОТО)

Екипата на Барселона дојде до хет-трик на Супер Глоуб со новата круна освоена вчера, а поранешниот ракометар на Вардар го однесе победничкиот менталитет со себе во овој тим и веќе на првото натпреварување донесе титула.

Со неговите 11 гола екипата на Барселона успеа да дојде до трофејот откако во финалето после еден тежок натревар ја совлада екипата на Кил со 34:32. На полувреме беше 17:15 за Кил, но Циндриќ одлично ги предводеше колегите до тронот.

Вардар претходно се избори за 3. место откако со 30:26 ја совлада Ал Веда, додека во разигрувањето од 5. до 10. место Замалек имаше најдобар резултат.

За освоеното прво место Барселона заработи 400.000 евра, додека Кил како второпласиран доби 250.000 евра.

СУПЕР ГЛОУБ 2019

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.БАРСЕЛОНА (Шпанија)

2.КИЛ (Германија)

3.ВАРДАР (Македонија)

4.АЛ ВЕДА (Саудиска Арабија)

5.ЗАМАЛЕК (Египет)

6.ТАУБАТЕ (Бразил)

7.АЛ МУДАР (Саудиска Арабија)

8.АЛ ДУХАИЛ (Катар)

9.ЊУЈОРК СИТИ (САД)

10.СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ (Австралија)