Барселона лесно се справи со Куенка за нов трофеј во шпанскиот Куп

Екипата на Барселона стигна до вториот трофеј сезонава. Откако од неодамна го освои домашниот шампионат, момците предводени од Чави Пасквал триумфираа во Кралскиот Куп. Немаа тешка задача бидејќи ја совладаа Куенка со 34:18.

Каталонците беа големи фаворити и како далеку посилен противник го започнаа дуелот. Имаа иницијатива, но во почетните минути Куенка успеваше да се одржува барем до нерешено. Но кога тогаш се очекуваше една поголема серија на фаворитот, а таа дојде при крајот на првиот дел кој Барса го доби со 16:12.

Во вториот дел, двете страни започнаа со игра гол за гол, но на резултат 19:14, тимот предводен од Чави Пасквал направи серија од 7:0 и со ова стави точка на средбата. Ова е 23. трофеј за Барселона во ова натпреварување и шести во серија.