Барселона инвестира во иднината: Н’Гесан три години во Шпанија

Официјално Тимоти Н’Гесан ќе се придружи на Барселона. Н’Гесан потпиша тригодишен договор со шпанскиот првак со важност до крај на 2018-2019.

Н’Гесан пристигна во Шамбери во 2011 каде ги докажа своите шутерски способности. Со составот на Ивица Обрван успешно се натпреварува во најсилната француска лига, досега има постигнато 77 голови со 51,30% успешни удари. 23-Годишниот лев бек,  ќе ја комплетира тројката бекови, Тунижанецот Жалуз и Чехот Јиха.

Шамбери веќе најде замена во името на Кентин Минел.