Барселона го освои јубилејниот дваесетти Супер Куп

Каталонскиот гигант Барселона ја освои титулата на 32. издание на шпанскиот Супер Куп. Сосема очекувано Барселона ја совлада екипата на Ла Риоха со 31-25. Учесникот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите минатата сезона, ја контролираше играта во текот на целиот натпревар, а првиот дел го заврши со висока предност од 17-11.

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски немаше свој придонес во овој дуел, бидејќи Барселона на голот го имаше солидниот Гонзало Перез Де Варгас кој натпреварот го заврши со 15 интервенции и 38% успешност.

Ова е 20-та рекордна титула за Барселона во Супер Купот на Шпанија, со што клубот само ја продолжи доминацијата во шпанското првенство.