Барселона го декласира Алборг: Данците постигна само единаесет погодоци

Барселона го совлада дански Алборг на гостински терен со 11-31 (5-16), и веќе по првиот натпревар го обезбеди пласманот во четвртфиналето. Лазаров и Барселона како брз воз се прошетаа низ Данска, одбраната беше на висина на задачата дозволувајки му на домаќинот да постигне само пет погодоци по првиот дел, а вкупно единаесет на натпреварот. Лазаров натпреварот го заврши со осум гола, и со вкупно 84 погодоци останува на првото место на листата на стрелци во Лигата на шампиони.