Барбара Лазовиќ за 24Ракомет ТВ: Ветувам дека ќе го оставиме срцето на терен! (ВИДЕО)

Уште неполни 24 часа го делат Вардар од нов полуфинален дуел во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион ќе се соочи со Будуќност, а статистиката вели дека ќе мора да се надминат себе си, доколку сакаат да го одиграат првото Фајнл Фор финале. Иако Будуќност е сериозен испит за подготовката на Вардар, Барбара Лазовиќ ветува дека со храбра и концентирирана игра можат да ја исполнат својата цел.