БАРАЖ ЗА СП: Македонија на поправен во Целје

Женската репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра реваншот од баражот за Мундијалот во Јапонија. После поразот на домашен терен во неделата денеска ракометарките ќе се обидат да го поправат впечатокот, а средбата се игра од 20:15 часот.

Словенија ја пречекува Македонија во Целје, со предност од 33:30 и со улогата на фаворит. Сепак, ова е момент кој ја ослободува репрезентацијата на Македонија од притисок и денеска девојките можат да го дадат најдоброто и да го подобрат впечатокот направен во првиот дуел.

Инаку, победникот оди на Мундијалот, а ова  е најтесниот резултат денеска. На другите три средби патникот е веќе познат бидејќи разликата е огромна.

БАРАЖ ЗА СП 2019 – ЖЕНИ

РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ

ЧЕТВРТОК, 6 ЈУНИ

18:00ч

СЛОВАЧКА – ШВЕДСКА               (18:33)

ПОЛСКА – СРБИЈА           (19:33)

20:15ч

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА    (33:30)

21:45ч

ИСЛАНД – ШПАНИЈА    (26:35)

КОМПЛЕТИРАНИ ДВОБОИ

ГЕРМАНИЈА – Хрватска               25:21 (24:24)

Штоле 6, Болк 4, Надзинијавичиус 4 – Блажевиќ 7, Милосављевиќ 5, Дебелиќ 3

Швајцарија – ДАНСКА 14:26 (22:35)

Кундиг 5, Гаучи 3, Хајнцер 1 – Јоргенсен 6, Хајндал 4, Хојлунд 3

НОРВЕШКА – Белорусија           31:28 (34:21)

Ратсет 7, Ауне 4, Локе 3 – Илина 6, Шаманоускаја 6, Арцјукович 3

ЦРНА ГОРА – Чешка     25:23 (24:26)

Јауковиќ 9, Радичевиќ 8, Булатовиќ 3 – Јерабкова 5, Кордовска 4, Мала 4

УНГАРИЈА – Австрија   28:19 (41:23)

Клујбер 6, Ливини 5, Копеч 3 – Фреј 5, Ковач 5, Хубер 3

*Во заградите се резултатите од првите натпревари.

*Со мали букви се екипите кои отпаднаа од дуелите.