Бараж за СП во Јапонија: Србија обезбеди билет уште дома, а Чешка ја изненади Црна Гора

Првите четири натпревари од баражот за Мундијалот во Јапонија тргнаа со три победи на домашните состави. Практично три места се веќе решени бидејќи Норвежанките победија на гостувањето во Белорусија и тоа убедливо, а Шпанките имаат високи девет гола за реваншот во Исланд.

Србинките имаа доминантен настап против Полска особено во второто полувреме кога направија огромна разлика во пресрет на реваншот во Полска. Србија ќе патува на гостувањето со предност од 33:19. Норвешка на гостувањето во Белорусија беше голем фаворит и ја оправда улогата исто така триумфирајќи со 13 гола разлика.

Шпанија на домашен терен во првиот дуел обезбеди девет гола предност против репрезентацијата на Исланд. Тие остварија триумф 35:26. Единствен меч кој заврши со тесен резултат и се е отворено во реваншот е помеѓу Чешка и Црна Гора. Домаќинките успеаја да слават победа 26:24, но во реваншот во Црна Гора ќе им биде многу тешко да ги одбранат.

БАРАЖ ЗА СП ВО ЈАПОНИЈА

ПРВИ НАТПРЕВАРИ

БЕЛОРУСИЈА – НОРВЕШКА        21:34

Шаманускаја 6, Арцукович 5, Слицкаја 5 – Локе 6, Ауне 5, Јакобсен 4

СРБИЈА – ПОЛСКА          33:19

Лавко 6, Лишчевиќ 6, Стоиљковиќ 6 – Ахрук 8, Цух 4, Росијак 2

ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА   26:24

Хрбкова 7, Јерабкова 5, Мала 4 – Радичевиќ 6, Мехмедовиќ 5, Десподовиќ 4

ШПАНИЈА – ИСЛАНД   35:26

Пена 12, Нуњез 6, Лопез 5 – Стефансдотир 6, Бјорнсдотир 4, Кнутсдотир 4

САБОТА, 1 ЈУНИ

16:10ч

ДАНСКА – ШВАЈЦАРИЈА

17:00ч

ШВЕДСКА – СЛОВАЧКА

НЕДЕЛА, 2 ЈУНИ

16:00ч

ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА

18:00ч

АВСТРИЈА – УНГАРИЈА

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА