Банцалиски го водеше Младост Богданци до победа над Партизан

Во 10.коло од плеј-аутот од Првата лига се сретнаа првопласираниот Младост Богданци и последниот Партизан. Гостите од Гевгелија и во овој натпревар не успеаја да покажат задоволителна игра и лесно му се препуштија на противникот кој ја оправда фаворитската улога со победа од 32:25.

Натпреварот започна изедначено, но прва предност направи домаќинот од Богданци кој полувремето го доби со 17:8. Истата предност, на Младост им даде и доза на опуштеност во вториот дел, па оттаму Партизан успеа да се приближи и да загуби со седум разлика, а можеше и со многу повеќе.

Ѓорѓе Банцалиски стрелаше осум пати, а по пет погодоци дадоа Саше Михајловиќ, Ѓорѓе Демерџиев и Никола Роглев. Кај Партизан убедливо најдобар беше Михаил Брзанов со постигнати седум гола, а по пет дадоа Дамјан Трајковски и Џоко Јанев. На табелата нема промени. Младост Богданци е прв во плеј – аутот, додека Партизан е последен.