Балог: Немо гледавме како публиката го носеше Вардар кон триумф, но не се откажуваме од чудо!

Репрезентативниот десен бек на Унгарија и ПИК Сегед, Жолт Балог ги коментираше причините за поразот во Скопје. Иако Вардар играше со малку играчи во ротација, сепак со поддршка од публиката го издржаа целиот натпревар во висок ритам, што ракометарите од Сегедин не го очекувале. Исто така коментираше и дека реваншот е можност да направат чудо.

‚‚Не можам да кажам дека сметавме на тоа, но потајно се надевавме дека ќе паѓаат, а тоа не се случи. Имаме играно различни натпревари во нашите кариери и знаеме што точно екипата прави во такви специфични ситуации. Кога добивате таква енергија од трибините едноставно не се заморувате. Атмосферата беше таква што веројатно би го победиле секој, но ние не бевме вистинските и гледавме од страна додека одеа кон победата. Бараме објаснување, имаме многу причини за грижи. Имавме два дена да ги испразниме главите, а од утре сите сили да ги насочиме кон приредување чудо. Имаме вистинска можност да направиме чудо‘‘, рече Балог.

Унгарскиот состав има осум гола негатива по првиот натпревар и во недела ќе има многу тешка задача да ги надомести пред своите гледачи против Вардар. Натпреварот започнува во 19:00 часот.