Балкански темперамент со европски шмек: Добредојдовте во Веспрем! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Звукот на навивачките труби, зачинет со ударот на тапаните и песната која повремено се проткајува низ ракометната приказна во Веспрем арената е само мал дел од декорот кој го краси најквалитетниот ракометен клуб во историјата на Унгарија. Темпераментните љубители на ракометот без разлика на возраста секогаш се во право кога игра нивниот тим. На натпреварот против Загреб, најдобрата македонска судиска двојка го навлече гневот на црвената армија поддржувачи, која во секоја одсвирена одлука против нивниот тим гледаше пристрасност. Не е лесно да си гостин во Веспрем Арената…
[Best_Wordpress_Gallery id=”64″ gal_title=”SEHA Final 4 VESZPREM (navivaci)”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ