„Бакнеж“ со последици кон екс-ракометарот на Металург (ФОТО)

На средбата меѓу Еурофарм Работник и Хановер уште на стартот интересен момент, после кој подебелиот крај го извлече поранешниот член на Металург, Павел Атман.

Тој настрада при судир со Радовиќ, па докторскиот тим мораше да интервенира и да го оспособи за игра. Откако му беше зашиена раната над левото око, Атман продолжи со игра и на крајот од натпреварот имаше придонес со неколку асистенции, но немаше погодоци.