Бабиќ задоволен и подели комплименти: Средбите на Металург ги гледам со задоволство

Екипата на Горење на средбата против Металург дојде без двајцата најискусни играчи во тимот, Тоскиќ и Брумен. Сепак, и без нив на крајот успеаја да стигнат до победа од четири гола разлика со што овој триумф добива на тежина. Металург беше одличен ривал, но не успеа да издржи до крајот за да стигне до повеќе.

„Ова беше одличен натпревар, на кој видовме многу борбен и динамичен ракомет. Разликата не беше толку голема колку што покажува резултатот. Имавме поголема ротација и играчите покажаа дека многу ја посакуваат победата. Покрај тоа имавме и расположен голман. Морам да признаам дека со задоволство ги гледам средбите на Металург во Лигата на шампионите и морам да им честитам за тие игри“, изјави тренерот на гостите, Жељко Бабиќ.