Бабиќ ги пензионираше Вори и Чупиќ: Едноставно не сме задоволни од играта и ангажманот!

Тоа што го започна Червар со изоставување на Петар Метличиќ по Светското првентво 2009, потоа го продолжи Славко Голужа кога го исклучи најдобриот ракометар на сите времиња од репрезентацијата на Хрватска, а сега веќе традиционално се надоврзува и новиот селектор Жељко Бабиќ. Денес стручниот штаб на коцкестите во кој учествуваат токму Петар Метличиќ (помошник тренер) и Ивано Балиќ (координатор на машката репрезентација) ја изненадија хрватската ракометна јавност откако соопштија дека на дуелите со Македонија и Црна Гора нема да сметаат на услугите на капитенот Игор Вори и еден од најквалитетните европски крилни ракометари, Иван Чупиќ.

Пред хрватските медиумите селекторот Бабиќ ја објасни својата одлука:

“Едноставно не сме задоволни од играта и ангажманот на Вори и Чупиќ. Сакаме да биде силно изразен националниот набој, желбата и страста со која треба да се игра за хрватската репрезентација, а во одредени сегменти не постоеше тој критериум и тоа моравме да го спречиме.
Повеќе ги немаме нашите двајца најискусни ракометари Вори и Чупиќ. Причината е многу едноставна, не сме задоволни со играта на хрватската репрезентација и јасно е дека сите играчи треба да се замислат за своите позиции и да сфатат дека од нив се очекува повеќе и затоа мораат да бидат подобри. Списокот од 20 ракометари е тука за да ја прошириме базата, создадеме конкуренција и да им дадеме шанса на помладите ракометари, да видиме колку можат и што можат, бидејќи не очекува тежок и сложен период. Пораката е јасна. Ќе создадеме поширока база на играчи и ангажманот на репрезентативците мора да биде подобар.”

На листата повикани хрватски репрезентативци за Кроација Купот имаше место за: 

1.    Мирко Алиловиќ (Veszprem)
2.    Иван Пешиќ (Meshkov Brest)
3.    Филип Ивиќ (PPD Zagreb)
4.    Мануел Штрлек (Vive Tauron Kielce)
5.    Антонијо Ковачевиќ (PPD Zagreb)
6.    Јерко Матулиќ (Chambery)
7.    Златко Хорват (PPD Zagreb)
8.    Марино Мариќ (Melsungen)
9.    Илија Брозовиќ (HSV Hamburg)
10.  Леон Шушња (PPD Zagreb)
11.   Марко Коплјар (Barcelona)
12.   Лука Степанчиќ (PPD Zagreb)
13.   Лука Шебетиќ (PPD Zagreb)
14.    Игор Карачиќ (Vardar)
15.    Домагој Павловиќ (PPD Zagreb)
16.    Лука Циндриќ (Vardar)
17.    Домагој Дувњак (Kiel)
18.    Марко Мамиќ (Dunkerque)
19.    Иван Слишковиќ (Veszprem)
20.    Јаков Гојун (Füchse Berlin)