Бабиќ: Вардар беше подобар колку што покажува резултатот!

По натпреварот од СЕХА лигата меѓу петопласираната екипа Брест Мешков и Вардар, свои видувања за натпреварот дадоа двајцата тренери на екипите, Љубо Вуќиќ и Стефан Терзиќ.

Жељко Бабиќ, тренер на екипата на Вардар:
Честитам на колегата Раул, добар тренер и човек, за заслужената победа. Во второто полувреме беше видливо дека мојот тим играше послабо во напад, противникот ја прошири зоната, но на 10 минути пред крај се вративме во натпреварот. Пресуди моментот кога нашиот ракометар од чиста зицер позиција ја погоди рамката од голот, а Вардар беше добар во одбрана и ни ги затвори приодите до голот во вториот дел. На кратко, екипата на Вардар беше онолку подобра колку што тоа го покажува резултатот .
Раул Гонзалес, тренер на екипата на Вардар
Му честитам на Брест за прикажаната игра, секогаш играат добро против нас. Ова беше тежок натпревар за нас, немавме време за подготовки нашите ракометари пред некој ден допатуваат од Катар. Натпреварот сепак го одигравме добро, во наредните денови ни претстојат други натпревари за воигрување пред тоа што претстои во Лигата на шампионите.
Љубо Вуќиќ, ракометар на Брест Мешков:
Морам да честитам на фантастичната публиката и противникот, уживање е да се игра во ваков амбиент. Во второто полувреме Вардар одигра поагресивно во одбраната, ние во еден период игравме без голман и ни дадоа гол. Меѓутоа играш онолку колку што противникот ќе ти допушти. Честитики за двата тима, екипите се собраа со еден или два тренинга и затоа честитки за прикажаната игра.
Стефан Терзиќ, ракометар на Вардар:
Натпреварот беше тежок и за двата тима имавме проблеми во нападот во првото полувреме беше многу тешко да се игра, бидејки напаѓавме со многу движење без топка. Во второто полувреме имавме шанса за да се одлепиме, но не ја искористивме, Брест направија резултатски приклучок, и затоа се исплашив во тие моменти дека можеме да го загубиме натпреаварот. Добар натпревар и неизвесен, тие секогаш играат добро против нас. Честитки за противникот.