Бабиќ без екс-вардарците: Тоскиќ и Брумен не доаѓаат во Скопје

Тренерот на Горење, Жељко Бабиќ одлучи на мечот против Металург во тимот да ги нема двајцата најискусни ракометари, Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ. Поранешните „вардарци“ добија поштеда така што ќе имаат можност да одморат и нема да дојдат во Скопје на пресметката со „металурзите“ кои се во одлична форма.

Покрај тоа што ќе ги нема Брумен и Тоскиќ, Горење утре во Скопје ќе настапи и без повредените Јан Гребенц, Вид Левц и Дарко Стојниќ. Бабиќ одлучи да поведе неколку ракометари кои се родени 2000 година и да им даде шанса да стелнат искуство. Се работи за Дом Тајник, Јернеј Дробеж и Миљан Вујовиќ.

Натпреварот се игра утре во „Борис Трајковски“ од 18:45 часот.