Аџиќ ќе ја води Србија?

Доскорешниот селектор на репрезентацијата на Црна Гора, Драган Аџиќ би можел да седне на кормилото на женскиот национален тим на Србија. Откако ќе биде познато кој ќе ја води РСС, а тоа најверојатно ќе биде генералниот секретар Божидар Ѓурковиќ, тогаш се големите шансите за Аџиќ да биде нов селектор.

Сепак останува да се види дали Аџиќ ќе ја прифати понудата од северниот сосед, бидејќи неодамна ја напушти Црна Гора, но она што е јасно дека со него на клупата, Србија би била уште посилна.

Исто така се очекува во репрезентацијата да се вратат и двете ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Сања Дамњановиќ, како и Драгана Цвијиќ и Катарина Томашевиќ, кои имаа конфликт со претходниот селектор Саша Бошковиќ.