Аџиќ: Ја превземам одговорноста за денешниот пораз

По завршувањето на првиот полуфинален дуел и поразот од Ѓер, тренерот на Будуќност Драган Аџиќ не го криеше разочарувањето по елиминацијата од унгарскиот првак.

“Му честитам на Ѓер за победата на денешниот натпревар, воедно и на моите ракометарки кои дадоа максимум на теренот. Ја превземам комплетната одговорност за денешниот пораз. Не беше лесно да се игра бидејки четири недели немавме одиграно ниту еден натпревар, а тоа се одрази на теренот. Му посакувам среќа на Ѓер во финалето, а ние утре ќе дадеме се од себе да стигнеме до победата на овој натпревар”.