Аџиќ останува селектор на Црна Гора

Иако поднесе оставка по Олимписките Игри во Рио, Драган Аџиќ сепак ќе продолжи да ја врши селекторската функција на Црна Гора. Новиот УО на црногорската федерација, одлучи да го реизбере досегашниот селектор.

Бојана Поповиќ, која веќе „беше видена“ како наследник на Аџиќ, нема да може да ја извршува селекторската функција поради семејни обврски, како и поради обврски во нејзиниот клуб Будуќност, но ќе биде во стручниот штаб.

„Не се покајав што поднесов оставка. Но по анализите кои ги направив, реков дека сум спремн да помогнам. Пред нас е најголемиот предизвик досега во кариерата и не бев спремен за да се повлечам. Драго ми е што Бојана прифати да биде со мене, да не е таа тука, немаше да бидам ни јас. Ниту една девојка што не е на списокот не е отпишана од националниот тим. Дел од нив ги нема на списокот поради тоа што сакаме да тестираме други пред ЕП во Франција за две години кое ќе биде прво изборно за ОИ во Токио. Имам обврска да разговарам со сите девојки кои дадоа голем допринос за репрезентацијата, а нивна ќе биде одлуката дали ќе продолжат да играат. Повторувам, ниедна не е отпишана, но фокусот ќе биде на оние кои се гледаат во тимот до крајот на олимпискиот циклус.“ – изјави Аџиќ за црногорските медиуми.