Аџиќ: Одговорноста за денешниот пораз им припаѓа само на ракометарките

По завршувањето на натпреварот за третото место и поразот од Вардар, тренерот на Будуќност Драган Аџиќ им се заблагодари на своите ракометарки за целата сезона, но посочи дека одговорноста за денешниот перформанс е само нивна.

“Честитам на Вардар на победата, беа подобри денеска. На моите ракометарки сакам да им се заблагодарам за целата измината сезона, иако одговорноста за настапот на денешниот натпревар е само нивна. Сакавме да ја одбраниме титулата но уште еднаш се покажа дека е многу полесно да се освои отколку да се одбрани титулата”-изјави Аџиќ.