Аџиќ: Жал ми е што не играме со Вардар во финале!

Веднаш по завршувањето на ждрепката за престојниот ф4 кој се игра во Ласло Папп арената во Будимпешта и добивањето на ЖРК Вардар за свој противник, своите импресии ги искажа и тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ:

Играме против одлична екипа и се надевам дека добро ќе се подготвиме за тој натпревар. Искрено жал ми е што нема да играме против нив во финале, поради нашите репрезентативки кои играат во Вардар. Видовме дека нашиот следен противник убедливо и заслужено се пласираше на фајнл-фор, Вардар со текот на времето ја подига својата форма и сметам дека за разлика од групната фаза многу пораснаа како екипа.

Тоа е само еден натпревар, и навистина не гледам фаворит ни во нашиот дуел, ни на натпреварот помеѓу Ларвик и Динамо бидејки во Будимпешта се пласираа тимовите кои покажаа најмногу оваа сезона. Мора да бидеме внимателни и концентрирани на се што следува бидејки фајнл-фор е такво натпреварување во кое лесно можат да се случат изненадувања. Сите знаеме дека Фленсбург минатата година не беше фаворит, и практично како аутцајдер ја освои ЛШ.