Аџиќ го објави списокот на ракометарки за дуелите против Словенија

Селекторот на женската репрезентација на Црна Гора, Драган Аџиќ го објави списокот на ракометарки за подготовките против Словенија. Репрезентацијата на Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари против Словенија на 9 и 11 октомври. На списокот сосема очекувано доминираат ракометарките од ЖРК Будуќност, а меѓу повиканите се и двете ракометарки од ЖРК Вардар, Андреа Кликовац и Јованка Радичевиќ. Од Даниловград се повикани шест млади ракометарки кои се покажаа во одлично светло против Крим, Металург и во дресот на кадетската репрезентација на Црна Гора.
Контролите со Словенија ќе бидат дел од подготовките пред настапот на Црна Гора на ЕП во декември.
Список на повикани ракометарки:Голмани: Марина Рајичиќ ( ЖРК Будуќност), Љубица Ненезиќ (ЖРК Даниловград), Ана Рајковиќ ( ЖРК Даниловград) , Соња Бајрјактаровиќ ( Ростов).Крила : Мајда Мехмедовиќ ( ЖРК Будуќност), Билјана Павичевиќ ( ЖРК Будуќност), Јованка Радичевиќ ( ЖРК Вардар), Дијана Ујкиќ ( ЖРК Даниловград),

Ивона Павичевиќ ( ЖРК Будќчност), Радмила Петровиќ ( ЖРК Будуќност), Нина Булатовиќ ( ЖРК Будуќност).

Бекови : Марија Јовановиќ ( Париз), Ѓурѓина Јауковиќ ( ЖРК Даниловград), Милена Кнежевиќ ( ЖРК Будуќност), Јелена Деспотовиќ ( ЖРК Будуќност), Ванеса Аговиќ ( ЖРК Даниловград), Катарина Булатовиќ ( ЖРК Будуќност), Андреа Кликовац ( ЖРК Вардар ), Ѓурѓина Маловиќ ( ЖРК Даниловград).

Пивот : Сузана Лазовиќ ( ЖРК Будуќност), Сара Вукчевиќ ( Ерд), Ема Рамушовиќ ( ЖРК Даниловград).