Ања Алтхаус за 24Ракомет ТВ: Изгубивме, одигравме нерешено, време е да победиме! (ВИДЕО)

На дружењето со медиуми кои веќе традиционално го организира Европската куќа на ракометот, ракометарките на ЖРК Вардар ја имаа таа чест да бидат први кои ќе одговараат на прашањата на новинарите во хотелот Аквинкум во Будимпешта.
Одличната германска интернационалка Ања Алтхаус оптимистички го очекува својот прв настап на Фајнл Фор турнирот во Лигата на шампионките.