Ацо Јоноски потпиша двегодишен договор со Бергишер!

Македонскиот репрезенативец Ацо Јоноски по кратката авантура во Натурхаус Ла Риоха, ќе ја продолжи својата кариера во Бундеслигата, поточно во екипата на Бергишер. Јоноски потпиша двегодишен договор со германската екипа и од наредната сезона ќе води битка со најголемите ракометни ѕвезди, а интересни ќе бидат и дуелите со репрезентативниот колега Миркуловски кој од следната сезона ќе настапува во екипата на Вецлар.

Јоноски поради новонастанатата ситуација го напушти Металург, заминувајки на полусезоната во шпанска Натурхаус Ла Риоха, чии бои ги бранеше до крајот на оваа сезона.