Атракцијата на Илиќ меѓу топ 5 головите во 2. коло од ЛШ (ВИДЕО)

Во 2. коло од Лигата на шампионите имаше и многу атрактивни голови, па беше тешко да се одбере најдобрата петка. Сепак, изборот падна на врвот да се најде десното крило на ПСЖ, Лук Абало додека меѓу најдобрите пет е и Вања Илиќ од Металург.

Левото крило на „металурзите“ имаше еден убав погодок од својата позиција, па од Европската федерација го сместија меѓу играчите со најубави погодоци.

Во топ 5 се најдоа следните ракометари: Вања Илиќ (МЕТАЛУРГ – Бешикташ), Тобијас Карлсон (Веспрем – ФЛЕНЗБУРГ), Андреас Јенсен (АЛБОРГ – Целје), Валентин Порт (Чеховски медведи – МОНПЕЉЕ) и Лук Абало (ПСЖ – Брест Мешков).