Атрактивниот погодок на Дибиров против Металург (ВИДЕО)

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар, вчера во Охрид по 11 пат се закитија со Куп титулата во Македонија. Во натпревар без некоја резултатска неизвесност “црвено-црните” покажаа дека во овој момент се неприкосновени во македонскиот ракомет и сосема заслужено донесоа уште еден трофеј во своите витрини. Вчерашниот натпревар понуди неколку интеренсни и атрактивни погодоци а веќе се навикнавме еден од нив да биде во режија на летечкиот русин од Вардар-Тимур Дибиров.

Атрактивниот погодок на Дибиров погледнете го на следново видео.

https://www.facebook.com/HandballVideo/videos/897937450351449/