Атомскиот напад на Аеродром го реши и Партизан

Партизан пред своите навивачи во Гевгелија немаше на што да се надева. Аеродром беше кобен за нив бидејќи ги совлада со убедливи 41:22. Натпревар решен уште на полувреме без големи драми и неизвесности.

Сите играчи се запишаа во листата на стрелците кај аеродромци. Гостите тргнаа супериорно и не му дозволуваа на противникот да направи нешто повеќе, а полувремето го добија со 24:7.

Тренерот Дарко Петровски во вториот дел им даде шанса и на оние кои имаат помала минутажа и истите го докрајчија составот од Гевгелија.

Четворица аеродромци постигнаа по шест голови – Александар Стојчевски, Кристијан Ташевски, Едвин Омерагиќ и Бојан Спасовски.

На спротивната страна Димитар Вегов погоди седум. Партизан го чека тешка битка за опстанок, додека Аеродром е сигурен со девет бода по пет кола од плеј-аут зоната при Првата лига.