Астрaион го наполни голот на Текстилец

Домаќинот од Струмица немаше тешка задача и ги обезбеди бодовите по долгата доминација на теренот против штипски Текстилец. Астраион победи со убедливи 37-24.

Се започна со 3:0 по кои, домаќинот се повеќе и повеќе ја зголемуваше предноста која на средината од првото полувреме стигна до големи плус 10. На полувреме се замина со водство од 20:13.

Во вториот дел продолжи истата приказна како од првиот. Астрaион успеваше да биде ефикасен и континуирано го толчеше противникот што резултираше со убедлив триумф.

Кај Астрaион сите играчи се запишаа во листата на стрелци, а најефикасен беше Стојан Стојанов со шест гола. Текстилец како расположен го имаше Мартин Стојановски кој погоди седум пати.