Астраион и Аеродром на тешки гостувања

Двете најдобри екипи после шест кола во плеј-аутот од Првата машка лига, Астраион и Аеродром денеска ќе имаат тешки гостувања на кои нема да имаат лесна задача да дојдат до бодови.

Лидерот Астраион ќе се обиде да остане на максимум и после 7. коло, но ќе мора тоа да го направи во Богданци кај тимот на Младост. Ова е тешко гостување така што ќе треба повеќе од максимум.

Што се однесува до Аеродром, овој тим има гостување во Скопје кај Риниа М, а тоа значи дека и тука ќе треба да се одработи максимално за да се остане во чекор со лидерот на табелата.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

САБОТА, 6 АПРИЛ

14:00ч

ПАРТИЗАН – МРК КУМАНОВО

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

РИНИА М – АЕРОДРОМ

Сала: ОУ „7 март“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

19:00ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – АСТРАИОН

Сала: Млаз во Богданци. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

НЕДЕЛА, 7 АПРИЛ

17:00ч

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ – ТЕКСТИЛЕЦ

Сала: Софија Петровска во Пробиштип. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ТАБЕЛА: 1. Астраион 18 (205:146); 2. Аеродром 12 (218:151); 3. Младост Богданци 9 (151:161); 4. Текстилец 9 (165:178); 5. Весна Акумулатори 9 (175:189); 6. Риниа М 6 (180:179); 7. Куманово 6 (178:199); 8. Партизан 3 (146:215).