Ан Грете Норгард: Јан Питлик е добар стратег а Вардар располага со одличен состав

Како подготовка пред светското првенство кое е закажано за крајот на годинава во Данска, домаќинот на првенството пристина во Скопје каде спаригнуваше со составот на ЖРК Вардар.

Крилниот играч на данскиот национален состав – Ан Грете Норгаард по вечрашниот пораз на нејзината репрезентација со резултат 35:26 (16:13)ја даде следната изјава:

“Вардар е одличен тим со одлични играчи кои играат заедно веќе одреден период и резултатите се видливи. Од друга страна пак ова за нас беше прв натпревар и очигледно е дека одредени работи недостасуваат во нашиот состав и дополнително треба да се воиграме.

Данските тренери се многу добри во тактичкиот дел и Јан Питлик е одличен на ова поле. Нашите тренери имаат добро чувство за способностите на играчите и знаат што секој играч може да направи во дадена ситуација. Тие се одлични во подготвување на тимовите и мислам дека ова се должи на менталитетот во Данска.

FLP_1175

Голем број на дански играчи во моментов настапуваат надвор од земјата, како вие гледате на тоа?

Според мене трансферите се во ред бидејќи доколку сакате да заработите добри пари во моментов треба да играте во јужна или источна Европа. Исто така во Данска во моментов имаме само една екипа која игра во Лигата на Шампионите и доколку сакате да настапувате во најсилното натреварување неопходно е да преминете во друга екипа. Друга работа која сметам дека е предност е тоа што играчите имаат можност да се вклопат во нови средини и култури и тоа искуство да го пренесат во националниот тим.”