Анѓелковиќ е недопирлив кај стрелците во Првата лига

Ракометарот на Риниа М, Филип Анѓелковиќ останува неприкосновен на врвот на Листата на стрелците со вкупно 42 погодоци после три меча. Тој има неверојатен просек од 14 погодоци по меч и засега делува недофатливо на врвот на листата.

Скок на 2. позиција направи Михаил Аларов од Партизан, кој имаше одлична партија во 3. коло кога беше со двоцифрен број на голови со што успеа и да се најде толку високо на листата.