Анчева ја намали предноста на Јованоска кај стрелците во Женската лига

И после комплетирањето на 10. коло во Женската лига ситуацијата е јасна околу тоа кој е најдобар стрелец, но сега предноста на Јованоска во однос на Анчева е помала. Откако во последното коло Анчева постигна 12 гола успеа да намали, па сосема извесно е дека меѓу нив две ќе продолжи големата битка за остварување на целта да се дојде до првото место на листата на стрелците.

Засега предноста е 17 гола, но тоа лесно може да се измени и да дојде до поместување на работите веќе денеска кога на програмата се три од петте дури од 11. коло во Женската лига.

ЖЕНСКА ЛИГА (10. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

90 – Бојана Јованоска (Стружанка)

73 – Марија Анчева (Гевгелија)

70 – Марија Николовска (Спартак)

68 – Мила Трајковиќ (Куманово)

60 – Драгица Митрова (Гевгелија)

60 – Мери Конеска (Деспина)

58 – Симона Василева (Цемс)

56 – Марија Гајиќ (Металург)

54 – Наталија Пецанова (Цемс)

54 – Александра Боризовска (Куманово)

54 – Наталија Манева (Овче Поле)