Анчева прва до стотка и водечки стрелец до пролетниот дел

Големата трка за првото место на Листата на стрелците во Женската лига ќе продолжи напролет, а паузата на лидерското место ќе ја мине ракометарката на Гевгелија, Марија Анчева.

Таа е првата ракометарка која успеа да стигне до точно 100 поени и дефинитивно ракометарка која демонстрираше најмногу во овој дел од сезоната во нападот на својата екипа.

Таа е за еден гол подобра во однос на Мила Трајковиќ од Куманово, додека Марија Николовска од Спартак е на 3. место.

Најдобриот просек во досегашнио дел од сезоната го има Бојана Јованоска. Таа долго време беше лидер и имаше огромна предност, но заработи повреда и не можеше да го доигра овој дел од сезоната бидејќи мораше на пауза, па тоа отвори простор за Анчева која успеа да дојде до врвот.

ЖЕНСКА ЛИГА  (14. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

100 – Марија Анчева (Гевгелија)

99 – Мила Трајковиќ (Куманово)

95 – Марија Николовска (Спартак)

92 – Наталија Пецанова (Цемс)

91 – Бојана Јованоска (Стружанка)

76 – Симона Василева (Цемс)

75 – Драгица Митрова (Гевгелија)

75 – Наталија Манева (Овче Поле)

69 – Александра Боризовска (Куманово)

66 – Ангела Јанкуловска (Пелистер)