Анкара ја разнесе Бурса: Oдлична Робертина Мечевска

Екипата на Анкара ја декласираше Бурса во турската лига со огромни 40:25. Од македонките во Бурса настапи само голманката Ивана Зафирова која се покажа во солидно издание но немаше поддршка од своите соиграчки. Во составот на Анкара 1910 одлична на теренот беше капитенот на македонската репрезентација, Робертина Мечевска која постигна шест погодоци . На почетокот на натпреварот младата и талентирана ракометарка Моника Јанеска заработи мала повреда и не го продолжи останатиот дел од натпреварот.