Анико Ковачиќ од Ѓер се сели во редовите на најголемиот ривал

Една од најдобрите репрезентативки на Унгарија, Анико Ковачиќ, од следната сезона ќе настапува за ФТЦ од Будимпешта. Трансферот на Ковачиќ е повеќе изненадувачки со оглед на тоа дека двата главни ривали во женскиот ракомет во Унгарија ретко разменуваат ракометарки.

Ковачиќ која игра на позиција среден бек има 75 настапи за селекцијата на Унгарија и постигнато 143 погодоци. Во екипата на Ѓер настапува од 2006 -та година, а во Лигата на шампионките два пати се радуваше на златниот медал со Ѓер.