Андреа Пенезиќ и Домагој Дувњак најдобри хрватски ракометари за 2014

На полувремето на натпреварот Хрватска-Србија традиционално беа избрани најдобрите од хрватскиот ракомет за 2014 во изборот кој го организираат ракометните новинари од оваа земја. Домагој Дувњак ја имаше честа трет пат по ред да биде прогласен за најдобар хрватски ракометар, а зад себе ги остави Ренато Сулиќ и Мирко Алиловиќ.
Во женска конкуренција веќе седма година по ред неприкосновена е ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ, која со оваа награда ја престигна легендата на хрватскиот женски ракомет, Снежана Петика.