Андреа Лекиќ ќе паузира три недели

На натпреварот против Будуќност кој заврши со нерешен резултат 24-24, една од најдобрите ракометарки на “црвено-црните” Андреа Лекиќ се здоби со повреда која ќе ја одалечи од ракометните терени одреден период. При еден дуел во одбраната Андреа заработи дисторзија на зглобот на десната нога, повреда која не е нималку наивна и која бара мирување и терапија од две до три недели.