Андреа Лекиќ успешно оперирана

Андреа Лекиќ денеска успешно беше оперирана. На Лекиќ и беше извршен хирушки зафат на Ахиловата тетива во Финска.

Вардарката подолго време се носеше со оваа повреда, а посериозна болка почуствува за време на фајнал фор турнирот во Будимпешта. По полуфиналниот меч против Букурешт, Лекиќ почуствувала голема болка на ахиловата тетива со што мечот за 3. место го следеше од клупата.

На Лекиќ засега и следува период на рехабилитација околу 2 месеца, стои на сајтот на ЖРК Вардар.