Андреа Лекиќ после победата над Турингер: Клучот за успехот лежи во одличната одбрана

Андреа Лекиќ имаше нова добра партија во Лигата на шампионите. Со пет гола беше втор стрелец во тимот, а ист број на голови имаа и Пенезиќ и Лакрабер. Вардар одигра одлична средба и покажа дека и сезонава ќе биде меѓу главните кандидати за титулата.

„Турингер веќе неколку години ни е познат противник. Сега уште подобро ги анализравме. Тие се незгодна екипа и секоја екипа ни задаваше проблеми кога игравме тука со нив. Првпат игравме така добро и во целиот меч го контролиравме резултатот. Клучот лежи во одбрана, ни донеее лесни голови. Полека и добро ја подигаме формата за следните натпревари“, изјави Лекиќ после новата победа во Лигата на шампионите.