Андоновски: Се знае кој е фаворит, но одиме на изненадување

Денеска ќе биде комплетирано 9 коло од Суперлигата, со дерби дуелот меѓу Пелистер и Охрид. Во Битола се очекува интересна битка меѓу тимовите предводени од двајца поранешни репрезентативци, Стевче Алушовски и Горан Андоновски. Левото крило Крсте Андоновски очекува интересен натпревар.

„Пелистер игра одлично оваа сезона, за тоа доказ е првото место на кое што се наоѓаат. Поради предоста на домашниот терен, фаворитската улога им ја препуштаме, но ние како на секој натпревар одиме на победа и се надевам дека ќе ја оствариме нашата цел. Во секој случај, овој натпревар е дерби на колото и се надевам дека двете екипи ќе приредат добар натпревар кој е интересен и неизвесен до самиот крај.“ – изјави Андоновски.

Натпреварот меѓу Пелистер и Охрид се игра во салата „Младост“ со почеток во 18:30 часот.