Андоновски: Работник е фаворит, но и ние имаме свои шанси

Дербито на 2 коло во Суперлигата, ќе се одигра во Битола, каде денеска силите ќе ги одмерат двата македонските претставници во европските купови, Еурофарм Работник и Охрид. Kапитенот на Охрид, левото крило Крсте Андоновски игра во одлична форма на стартот на сезоната и очекува тежок натпревар.

„Работник состави доста силна екипа, посебно внимание посветуваат на одбраната, имаат многу добра и гранитна одбрана. Сметам дека се подобри од минатата сезона. Тие се фаворите на денешниот натпревар, бидејќи играат на домашен терен, но ние ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да ги совладаме.“ – изјави Андоновски.

Во четирите дуели минатата сезона Работник има три победи, две во регуларниот дел и една во плеј-офот, додека Охрид победи само еднаш на домашен терен во разигрувањето за титулата. Мечот се игра во салата „Младост“ во Битола со почеток во 16:00 часот.