Андоновски: Победи македонското срце!

Еден од најзаслужните што Охрид напиша нова убава страниц аво клупската историја секако е тренерот Горан Андоновски. Неговиот тим беше вкупен победник во двомечот против холандксата екипа Волендам, а следен предизвик ќе биде тимот на Порто. Андоновски смета дека победата е сосема заслужена.

„Веќе месец и пол се подготвуваме  за овие два тешки меча и мислам дека потполно заслужено сме во следната фаза. Победи нашето срце, македонското срце. Многу време игравме со играч помалку, холандскиот тим знаеше да го казни тоа, но сепак на крајот ние успеавме да направиме историски успех. Прекрасна атмосфера имаше во салата, Охрид покажа дека го сака ракометот, Македонија го сака ракометот, се надевам дека и другите македонски екипи во Европа ќе продолжат по нашиот пат.“ – изјави тренерот Андоновски.