Андоновски останува во Тинекс Пролет

Капитенот на  Тинекс Пролет, Ласко Андоновски го продолжи договорот со клубот.  По заминувањето на голем број поискусни ракометари, Тинекс Пролет во новата сезона влегува со млад ростер, а главна цел на клубот е да се задржи статусот на  суперлигаш. Клубот за новата сезона го ангажираше голманот од Металург Јуниор, Стефан Кимевски. Тимот предводен од Илија Темелковски во првото коло од супер лигата која стартува на 20 /21 септември му гостува на Зомимак во Струмица.

tineks prolet - lasko andonovski
Фото – РК Тинекс Пролет