Андоновски и Соколов ја продолжија верноста кон Охрид

Левото крило и капитен на Охрид, Крсте Андоновски, како и левиот бек кој повеќе игра во одбрана, Борче Соколов, ја продолжуваат верноста кон „гладијаторите“.

Тие потпишаа едногодишни договори со Охрид и ќе му бидат на располагање на новиот стратег Раде Стојановиќ во следната сезона.

Прво засилување за Охрид е голманот Никола Даниловски кој доаѓа од Металург, а во следните денови се очекува промоција и на новите играчи.

Од минатогодишниот состав си заминаа десниот бек Стефан Трпчевски и плејмејкерот Златко Везенковски.

фото: Ohridnews.com