Ангола со лекција за Црна Гора

По стртната победа од репрезентацијата на Шпанија, Црна Гора доживеа уште еден пораз овојпат од Ангола.

Во вчерашниот натпревар, избраничките на Драган Аџиќ покажаа подобра игра, но немаа сили да го сопрат налетот на преставникот од Африка кој триумфираше со резултат 27-25. Катарина Булатовиќ беше најрасположена со девет погодоци, а до првите погодоци на овој турнир стигна и Бојана Поповиќ која во три наврати го пронајде патот до противничката мрежа. На страната на Ангола Гуиало беше стрелец на 7 погодоци и играч број еден на својата репрезентација.

По стартната победа над Романија, Ангола широко ги отвори вратите кон четвртфиналето, а репрезентцијата на Црна Гора ќе мора да триумфира на преостанатите дуели доколку сака да се најде меѓу најдобрите осум репрезентации во РИО.