Ангелов пред натпреварот со Киелце: Нема да дозволиме притисокот од навивачите да влијае на нас

Денес со почеток од 15:30, екипата на Вардар го игра вториот натпревар со Киелце кој директно решава за патникот на фајнал фор турнирот во Келн.Петар Ангелов во изјава за 24ракомет вели дека мотивацијата на екипата е голема и неговата екипа е подготвена да го даде максимумот.

“Oрганизацијата во нападот, големата желба за победа и притисокот кој го чуствувавме на крај не чинеше пораз во првиот натпревар. Од друга страна пак во Скопје одбраната беше добра бидејќи примивме само 22 погодоци што е добар знак.

Во Полска одиме растеретени бидејќи нема што да изгубиме и останува на нас да изиграме добар натпревар. Мотивираност има бидејќи сите сакаме да играме на фајнал фор турнирот. Нашите играчи се доста искусни и нема да дозволиме притисокот од навивачите да влијаие на нашата игра, на нас останува само да го дадеме максимумот.”